Навивачите избраа: Мораеш е најдобар ракометар на Ф4 во Келн

Сега веќе поранешниот играч на Вардар, Рожерио Мораеш, е избран за најдобар ракометар на последниот „фајнал-фор“ во Лигата на шампиони. 

Изминатиов викенд вардарци пак ги освои срцата на ракометните фанови ширум Европа, откако по вторпат во својата клупска историја го освоија Келн. Во големото финале падна тимот на Веспрем, а токму Мораеш имаше свој блесок на овој дуел со реализација шест од шест.

Неговата фантастична игра против својот нов тим му донесе и признание, откако според гласовите на фановите ширум Европа е избран за најдобар ракометар на турнирот во Келн

Поранешниот ракометар на Кил три сезони го носеше дресот на европскиот шампион, а од следната сезона ќе ги брани боите на Веспрем.