Наумче Мојсовски го менува Каевски и ќе биде нов директор на Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот македонски репрезентативен бек, Наумче Мојсовски ќе го замени Дарко Каевски на позицијата директор на Агенцијата за млади и спорт. 

Досегашниот прв човек на Агенцијата доби пратеничко место во Собранието на Македонија, па поради неможност да ги извршува двете функции, Мојсовски ќе го заземе неговото место. Поранешниот ракометар работеше како член на Управниот одбори при Ракометната федерација, а сега ќе ја замени својата улога.

Стружанецот кој пред четири години ја заврши ракометната кариера, освен за репрезентацијата на Македонија со која стигна до најголемиот успех во историјата и петтото место на Европското првенство, играше за Металург, Вардар, Лехвија, Ла Риоха, Пелистер, Југ, Струга и кратко ЦСМ Букурешт