Хрватските ракометари мака мачеа да го започнат денешниот тренинг пред полуфиналето со Шпанија, затоа што поплавата од емоции која ги зафати синоќа е посилна од нив. Ивано Балиќ со позитивното расположение беше водечки човек во забавата, а се приклучија и ракометарите и селекторот Бабиќ. Хрватска се наоѓа „во облаци“, па на денешниот тренинг ракометарите доцнеа 20 минути, бидејќи селекторот го оддолжил говорот во хотелот. Главна тема не беа тактички и физички вежби, туку фотографии и видео клипови. Од синоќа сите гледаат со други очи на Хрватска, а посебно нивните наредни противници, Шпанците.
Мнозинството од хрватските навивачи беа песимисти пред натпреварот на Хрватска против Полска. Особено, тешко беше да се обложиш против Полјаците, заради домашниот терен и публика и заради можноста да се пласираат и со пораз.
Минатата година бронзени во Катар, сега понижени пред своите гледачи. Полските љубители на ракометот зад себе ја оставија најлошата ноќ во последните десетина години. Дебаклот од Хрватска и елиминацијата од борбата за медали се преголем удар за ракометна нација како Полска.
Победата на хрватската ракометна репрезентација против Полска ќе се коментира со денови. Пан-дан на фудбалската победа на Германија над Бразил на Мундијалот пред две години и еден од најголемите подвизи во спортот воопшто! Стотина хрватски навивачи обоени во националните бои и во првите часови од новиот ден во големиот хотел „Хемптон Хилтон“, каде се сместени сите репрезентации на шампионатот, ја славеа победата. Се слушаше навивачка песна, се наздравуваше со алкохолни пијалаци, а скоро сите останати гости во хотелот или случајни минувачи уживаа во начинот на прослава. Хрватскиот ракомет оваа вечер доживеа големо враќање во самиот континентален врв.
Хрватска е во транс, луѓето слават низ улиците, епската победа над Полска во Краков ќе биде запаметена како еден од најголемите подвизи во историјата на спортот. И коментарот на Златан Сарачевиќ, кој одиграл милион натпревари во кариерата, исто така е за аналите.
Селекторот на хрватската репрезентација Жељко Бабиќ, кој е во „медиумска војна“ со хрватските новинари, во микс зоната по мечот имаше повторно контроверзна изјава:
Ракомет од бајките и лекција за цел живот. Победата на Хрватска во Полска против надуениот домаќин воден од германскиот селектор Михаел Биглер, потсетува на подвигот на македонските кошаркари во Литванија. Финалните 37-23 се резултат за аналите на спортот и на ракометот. Оваа вечер во Краков се одигра највпечатливата средба на шампионатот и најдобриот спот за ракометот со цела својата непредвидливост.
Хрватска е сензационален полуфиналист на Европското првенство во Полска, откако со ракометна лекција ја совлада Полска среде Краков и тоа со потребните преку 11 разлика, па на голема врата ќе игра за медалите, а домаќинот ќе биде само гледач (23-37).