• Европско Првенство

    Францускиот ѕид удри во норвешкиот, а тој бил посилен!

    Дали денешниот ден е историски за европскиот ракомет? Големата Франција е поразена и не само поразена, туку и надиграна, надмудрена. Норвешка за која никој не се надеваше и не предвидуваше, а која беше надиграна од Македонија во 40-45 минути, покажа дека е надоаѓачка сила. Победата од 29-24 за скандинавскиот фаворит од сенка ја воодушеви „Краков арена“, а со тоа можеби и на домашната селекција му овозможи полесен пат до полуфиналето. Денешниот ден ја слави Норвешка како тим кој прв застана на пат на најголемата ракометна сила во модерната ера.

  • Норвешка ја прекина доминацијата на Франција! Првакот ЕЛИМИНИРАН!

    Како да е финале и влогот да е огромен. Така играа Франција и Норвешка во вториот денешен меч од последното коло на групната фаза во Краков. Во првото полувреме се играше неверојатно тврдо, ниту една селекција не ја надвладеа противничката, а разликата постојано беше +1 за едните или за другите.