Jump to navigation

  • Фудбал
  • Ракомет
  • Кошарка
  • Тенис
  • Авто-мото
  • Останато
    • Одбојка
    • Футсал
    • Шах
    • Пинг-понг
    • Куглање
    • Бокс
    • Голф
    • Хокеј на мраз
    • Ватерполо
    • Рагби
  • Резултати
Резултати
МакедонијаМакедонија
БелорусијаБелорусија
29
:
30
27 јан 2016, 16:00

You are here

Home

Македонија - Белорусија 2016-01-27 16:00:00

  • Во живо
  • Вести
  • Состави
  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Лазаров: И да победевме, само ќе го замаскиравме нашиот лош турнир

    27 јануари 2016, 18:55

    Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров во изјавата по завршувањето на мечот се осврна на поразот од Белорусија и на севкупниот турнир, кој не ја задоволува неговата амбициозност и карактер:

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Митков: Белорусите имаа поладна глава од нас

    27 јануари 2016, 18:34

    Разочараноста кај нашите ракометари од четвртиот пораз на турнирот беше видлива во секој поглед и на секој чекор. Иако краток, Влатко Митков на последното обраќање пред новинарите, им подаде рака на Белорусите како на поквалитетен тим денес во Краков.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Ако играме како со Белорусија, Олимпијада ќе гледаме само на ТВ

    27 јануари 2016, 18:22

    Македонија врти нова страница. Можеби ќе биде 11. во Европа, но кој знае каква утеха ќе биде тоа на крајот. Поразот од Белорусија сигурно е голема бламажа, шлаканица и опомена за во иднина. Пристап, тактика, потценување, што и да беше, денешните 60 минути немаат никаква вредност во нашиот турнир. Како и против Хрватска, повторно се посрамотивме, а секојдневно зборуваме за Олимпијада. Оваа денешна Македонија, која загуби од Белорусија, Олимпијада може да гледа само на ТВ. Веројатно имаме доволно време до април за да се разбудиме.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Обрван: Овој пораз е мој најтежок момент во трите години како селектор

    27 јануари 2016, 18:10

    По турнирот којшто го одигравме, селекторот Ивица Обрван го анализираше постигнатото, веднаш по последниот натпревар против Белорусија:

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Шевцов: Бевме сложни и горд сум на моите млади ракометари!

    27 јануари 2016, 17:55

    Легендарниот Јури Шевцов пред мечот имаше многу проблеми со откажувањата на Рутенка и Бабичев, но неговата селекција одигра достоинствен меч и зад себе го остави најуспешното првенство во својата историја. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Обрван: Не знам зошто ги потценивме, одговорноста е моја!

    27 јануари 2016, 17:53

    Не беше лесно да се издржат напорите и на овој последен шести натпревар на првенството, посебно затоа што Македонија во Краков дојде со многу ровити ракометари, а Миркуловски е последен од нив. Селекторот Ивица Обрван на официјалната прес-конференција го анализираше мечот.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Мојсоски: Не ја разбирам оваа тактика... Зошто не почнавме со најдобрите?

    27 јануари 2016, 17:43

    Незадоволните лица на нашите ракометари беа видливи низ микс-зоната по поразот од Белорусија со 29-30. Иако не значеше кој знае што мечот, сепак беше показател како игравме на ова првенство и каде оди во иднина нашиот ракомет. Наумче Мојсоски беше дециден околу причината за поразот.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Прибак: Ваквата игра не носи висок пласман на големите натпреварувања

    27 јануари 2016, 17:42

    Ништо и од таа толку посакувана прва победа. Шест натпревари, четири порази и два нерешени резултати. Тоа е крајниот биланс на нашата репрезентација на Европското првенство во Полска. Денес и Белорусија ја надополни негативната серија на Македонија, нанесувајќи ни пораз со 29-30 (13-14). По натпреварот, Прибак се наврати на променливата игра во текот на целото првенство:

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Тажен крај за Македонија: Поразени од Белорусија и освоено 11. место

    27 јануари 2016, 17:32

    Македонија го заврши Eвропското првенство во Полска без ниту една победа, откако денес претрпе пораз и од Белорусија со 29-30 (13-14) во меч во кој моравме да играме и без Филип Миркуловски.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    „Кога Стоилов ќе прими ваква топка, или е гол или пенал – трето нема“

    27 јануари 2016, 17:05

    Македонија водеше само двапати, и тоа минимално (7-6 во 15 минута. и 10-9 во 21. минута). Голот за првото водство на нашата репрезентација го постигна Стојанче Стоилов, по што коментаторот на МТВ оптимистички оцени:

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Миркуловски е пријавен, но болката во коленото не е наивна

    27 јануари 2016, 15:59

    Филип Миркуловски нормално го мина процесот на загревање, без максимален напор, бидејќи болката во коленото и натаму е присутна.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    „Фалангата“ се изретчи, но пак ќе биде гласна, бидејќи Белоруси воопшто нема

    27 јануари 2016, 15:45

    Европското првенство ја завршува својата втора недела од почетокот. Нашите навивачи и натаму ги има во Краков, но се далеку помалку отколку во првата групна фаза, па и од мечевите со Хрватска и Норвешка. Разретчена и помалку поспана, „Фалангата“ пристигна во арената заедно со група полски навивачи, кои се загреваат за нивниот одлучувачки меч против Хрватска. Но иако се неколку десетици, македонските навивачи сигурно ќе скандираат и пеат, а песната ќе допре во ракометарите. Белоруски навивачи воопшто нема во арената.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Македонија завршува во црвената комбинација

    27 јануари 2016, 15:32

    Зјапаат празни трибините на „Краков арената“. Интересот за првиот од трите натпревари на одлучувачкиот ден на шампионатот не е многу голем. Македонските ракометари во мир пристигнаа во големата арена и веднаш се посветија на загревањето пред мечот со Белорусија. Денес Лазаров и другарите ќе настапат во црвената комбинација на дресови со која играа на првиот натпревар против Франција. Нацијата од нив ја чека првата победа на турнирот.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Македонија не менува, Виктор Зајцев место Рутенка во белорускиот тим

    27 јануари 2016, 12:55

    Според очекувањата, Филип Кузмановски ќе може да настапи и пријавен е за натпреварот со Белорусија. Македонија не го искористи последното право на замена, но затоа мораа да менуваат нашите притивници.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Летонски судии за крај на нашиот шампионат

    27 јануари 2016, 11:30

    Летонските судии Зигмарс Столаровс и Ренарс Лицис се делегирани да ја делат правдата на мечот Македонија - Белорусија денес од 16.00 часот во „Краков арената“.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Мојсоски: Да го завршиме првенството барем со една победа!

    27 јануари 2016, 10:13

    Уште од минатиот век не сме играле против репрезентацијата на Белорусија во официјален натпревар. Можеби блага е нашата фаворитска улога и заради неиграњата на Бабичев и Сергеј Рутенка, но главна мотивација треба да биде да не си заминеме без ниту една победа од Краков. Наумче Мојсоски сака тимот да го преслика изданието од понеделникот. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Миркуловски: Треба да излеземе сконцетрирани и да забележиме прва победа

    26 јануари 2016, 17:37

    Неколку наши ракометари, кога би имале утре сосема обичен натпревар, сигурно не би ризикувале. Имаме ровити и ракометари кои трпеа силен ритам на натпревари по подолга пауза. Затоа треба да се биде внимателен и да не се ризикува, а со тоа и добро да се изротира целиот ростер.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Ф. Лазаров: Повредата е незгодна, но можам да помогнам 20 минути

    26 јануари 2016, 16:59

    Многу наши ракометари повредени дојдоа во Полска и со тоа стручниот штаб беше принуден да ги дозира нивните можности. Така е и со Филип Лазаров, кој на ова првенство игра на парче и се обидува да му помогне на тимот, колку што е тоа возможно.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Ни трага од заморот, утре нека стравуваат Белорусите!

    26 јануари 2016, 16:49

    Последниот тренинг пред мечот со Белорусија значеше и последна средба на македонските ракометари со малата „АВФ арена“ во Краков. Подготовката за шестиот натпревар во Краков започна со тренинг за опуштање и ментално насочување кон наредниот противник. Дилемата „Кузмановски да или не“ позитивно е разрешена и најмладиот наш репрезентативец ќе игра утре. Стилот на игра на Белорусија би требало повеќе да ни одговара, иако со ваков тип на противници никогаш не се знае. Па дури и без Бабичев и Рутенка, Белорусија мора сериозно да се сфати. Потоа ќе имаме време да навиваме против Норвежаните.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Обрван: Одбраната на Белорусија може да ни создаде проблеми

    26 јануари 2016, 16:40

    Пред последниот тренинг пред мечот со Белорусија, селекторот Ивица Обрван разговараше со новинарите и откри од каде доаѓаат најголемите закани на нашиот шести и последен натпревар на шампионатот. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Кузмановски е јуначиште, тренира и ден по нокаутот!

    26 јануари 2016, 16:32

    Денешниот тренинг повеќе за рекуперацијата македонските ракометари го искористија за да се подготват во мали детали за мечот со Белорусија утре попладне. Сите очи беа вперени кон Филип Кузмановски и можноста тој да настапи на утрешниот натпревар, по вчерашниот лакт во главата во почетната фаза од мечот со Норвешка.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    29 - 30
    БелорусијаБелорусија

    Тренинг пред Белорусија и дилеми околу настапот на Кузмановски

    26 јануари 2016, 14:22

    Според однапред направениот план на организаторот, денес македонската репрезентација ќе тренира од 16.00 часот во помалата „АВФ арена“, а 15 минути претходно ракометарите ќе имаат брифинг средба со новинарите. 

НАЈЧИТАНИ ДЕНЕС

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
  • RSS

© 2016-2025 Gol.mk
Сите права задржани

Содржините на Gol.mk се заштитени со Законот за авторското право и сродните права.
За секоја форма на распространување, репродукција или комерцијална употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е писмена согласност од Gol.mk.

Main menu

  • Фудбал
  • Ракомет
  • Кошарка
  • Тенис
  • Авто-мото
  • Останато
    • Одбојка
    • Футсал
    • Шах
    • Пинг-понг
    • Куглање
    • Бокс
    • Голф
    • Хокеј на мраз
    • Ватерполо
    • Рагби
  • Резултати