Jump to navigation

  • Фудбал
  • Ракомет
  • Кошарка
  • Тенис
  • Авто-мото
  • Останато
    • Одбојка
    • Футсал
    • Шах
    • Пинг-понг
    • Куглање
    • Бокс
    • Голф
    • Хокеј на мраз
    • Ватерполо
    • Рагби
  • Резултати
Резултати
МакедонијаМакедонија
ХрватскаХрватска
24
:
34
21 јан 2016, 20:30

You are here

Home

Македонија - Хрватска 2016-01-21 20:30:00

  • Во живо
  • Вести
  • Состави
  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Иван Марковски: Бабиќ целосно нѐ прочита, но и натаму можеме да ги добиеме следните мечеви

    22 јануари 2016, 14:39

    Втората фаза од Европското првенство во ракомет во Полска започна со дуeлот Франција - Белорусија, но за нас многу позначаен беше оној другиот, нашиот меч со репрезентацијата на Хрватска, една од најуспешните селекции во последната деценија и пол. Влеговме со голем оптимизам, понесени од бодот со Србија и премногу самоуверени дека можеме да го совладаме големиот противник, но не го отворивме добро натпреварот, ја прифативме нивната игра, па тешко ја пробивавме нивната 5–1 одбрана. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Не е сè така црно во дебаклот од Хрватска!

    22 јануари 2016, 9:14

    Во само два дена од блесокот, до очајот. Македонија е поразена од Хрватска, што не е ништо невообичаено и што во многу случаи и ќе се случи. Но, она што негативно ја изненади јавноста беше начинот на кој се загуби мечот, пристапот, недостатокот на реакција на теренот и од клупата и кога бевме резултатски блиску и кога бевме резулататски далеку.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Изјавата на Бабиќ ги разлути хрватските фанови, еве ја во целост

    21 јануари 2016, 23:06

    И покрај одличната игра на хрватските ракометари, селекторот на Хрватска Жељко Бабиќ по завршувањето на натпреварот Македонија – Хрватска го даде своето најчудно интервју за хрватскиот медиум „РТЛ“.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Гаф на ЕХФ, Македонија вечерва играше против Херцеговина

    21 јануари 2016, 22:58

    Денешниот натпревар Македонија – Хрватска можеше да се следи во живо на страната на ЕХФ, а сите кои го следеа натпреварот можеа да го забележат гафот на организаторот. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    „Јутарњи лист“: Македонците се искараа на теренот

    21 јануари 2016, 22:57

    Селекторот Ивица Орбван на прес-конференцијата по натпреварот Македонија - Хрватска негираше дека имаше расправии и проблеми во соблекувалната. Но, хрватскиот „Јутарњи лист“ излезе со информација дека македонските ракометари се искарале во текот на натпреварот и тоа така звучно, што долу на теренот сите можеле да чујат.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Прибак: Потфрливме во секој сегмент на играта

    21 јануари 2016, 22:48

    Во меч како овој може лесно да се најде причина за поразот, бидејќи ги имаше многу. Македонија не функционираше во многу сегменти, а Немања Прибак се обиде да ги пронајде највпечатливите недостатоци. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Хрватите ја спуштија на земја нашата безидејност

    21 јануари 2016, 22:43

    Пред точно четири години во Белград, на денешен ден (21 јануари) доживеавме трагедија со примениот гол на Линдберг, а денес во тажен натпревар моравме да им подадеме рака на поквалитетните хрватски ракометари. Финалните 24-34 покажуваат разлика во класи, лош пристап, немоќ при реакциите. Македонија немаше „крв“, енергија и позитивна дрскост, а нашите репрезентативци мораат од главите да го избришат овој натпревар. Хрватска доминантно нè спушти на земја и ни даде причина да работиме за в понеделник да не изгледаме вака против Норвешка.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Обрван: Немаше никакви несогласувања во соблекувалната, немавме енергија во мечот

    21 јануари 2016, 22:22

    Како и минатата година во Катар, Ивица Обрван беше силно мотивиран да се спротивстави на својата Хрватска. Но, за разлика од тој меч, сега работите не се одвиваа по истото сценарио.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Бабиќ: Нашата одбрана и интензитетот го решија победникот

    21 јануари 2016, 22:19

    Денешниот меч против македонската репрезентација потврди дека победата над Исланд и убедливата игра не биле случајност. Селекторот Жељко Бабиќ по мечот коментираше:

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Наумче Мојсоски: Лошата тактика и заморот се причините за поразот

    21 јануари 2016, 22:09

    Реакциите по натпреварот во нашиот табор беа во стилот со играта и разочараноста.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Манасков: Лошиот старт и заморот беа пресудни за високиот пораз

    21 јануари 2016, 22:07

    Неочекуванo тежок пораз доживеаjа нашите ракометари во првото коло од новата фаза на ЕП во Полска. Македонија загуби со убедливи 34-24 (17-13) од репрезентацијата на Хрватска, која и сама беше изненадена од леснотијата со која стигна до победата против нашата репрезентација. Манасков, видно разочаран, вината ја најде во лошиот старт и заморот од првите три натпревари.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Македонија го промаши натпреварот: Хрватска победи без да се „испоти“

    21 јануари 2016, 21:56

    Добро беше дури се надевавме, но Хрватска нè „спушти на земја“ со убедлива победа од 24-34 (13-17) во првиот меч од втората групна фаза на Eвропското првенство во Краков. Македонија пак се врати во црвено-жолтата гарнитура на дресови, како на првите два натпревари од групата А. Но, почнавме лошо и со головите на Копљар, Штрлек и Мариќ, Хрватска поведе со 0-3. Нашиот селектор побара минута одмор по само шест минути. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Дејан Манасков нè држи во игра со Хрватите

    21 јануари 2016, 21:24

    Со шест постигнати гола и максимална реализација, Дејан Манасков е единствениот наш раометар кој нѐ одржува во натпреварот. Тој погоди трипати од игра и трипати од седум метри, за на одмор да одиме со -4, а изгледаше дури и многу полошо на теренот (13-17).

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Контрите и брзиот центар ја направија разликата во првиот дел

    21 јануари 2016, 21:11

    Кога ќе примите 17 гола за едно полувреме, скоро невозможно е да се очекува позитивен резултат. Брзината и енергијата која ја внесоа во мечот хрватските ракометари, нашиот тим не можеше да ги следи.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Македонските ракометари го разбранија Мирко Алиловиќ

    21 јануари 2016, 20:45

    Голманот на Веспрем и на хрватската репрезентација Мирко Алиловиќ одлично го отвори натпреварот и со четири одбрани во првите осум минути најави дека ова ќе биде негов натпревар, исто како во Доха минатата година.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Загревањето заврши, Македонија во дуел со двојниот олимписки шампион

    21 јануари 2016, 20:19

    По неполни 30 минути заврши периодот на загревање на двете репрезентации. И македонските и хрватските ракометари со несмален интензитет го завршија својот подготвителен ритуал. Многу насмевки, разговори, поздрави меѓу старите спортски пријатели, некои и клупски другари, го красеа овој дел од предиграта. Време е на мегдан да излеземе против двократниот олимписки шампион.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Македонските и хрватските навивачи заеднички пеат песни од Тоше

    21 јануари 2016, 20:07

    Напоредно со загревањето на ракометарите, навивачите на двете репрезентации ја пополнуваат „Краков арената“. Има и такви кои доаѓаат утрово по пат од преку 1.200 километри. Десетици фанови на двете селекции, заеднички со песна и со националните обележја, ги пееjа песните од Тоше Проески кои му претходат на почетокот на мечот.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Кого „снимаат“ хрватските ракометари?

    21 јануари 2016, 19:30

    Македонските и хрватските ракометари пристигнаа во „Краков арената“ на повеќе од еден час пред почетокот на нивниот меѓусебен натпревар. Скоро сите наши ракометари се во соблекувалната на завршен договор и концентрација пред првиот меч од втората групна фаза.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Чирлидерките танцуваат со македонското знаме

    21 јануари 2016, 19:16

    На полувреме од натпреварот меѓу Франција и Белорусија, кој резултатски е извесен заради убедливото водство на европскиот првак, неколку илјади гледачи во „Краков арената“ беа изненадени од танцот на чирлидерките со македонското знаме в раце.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Игор Џамбазов со порака до ракометарите: „Ако не сакате да нè е***, најарно е...“

    21 јануари 2016, 17:46

    Легендарниот македонски шоумен Игор Џамбазов, како и цела нација, пулсира со ракометарите и со нетрпение го очекува мечот со Хрватска, кој следува вечерва во 20.30 часот во Краков. Во негов стил, како дел од богатото животно искуство, дел поврзано и со спортот, го цитираше легендарниот македонски голман, а подоцна и тренер, Благој Истатов.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    „Балкан-експрес“ во Краков – ќебапи, пиво и напред Македонија!

    21 јануари 2016, 17:00

    Денес е најстудениот ден во Краков. Претпладнево започна да врне снег, дува и ветер, температурата постојано е под нулата. Фан-зоната не е повеќе во мода кај нашите навивачи. Дури и вообичаениот ресторан како збиралиште им здосади на припадниците на „Фалангата“. Голем дел си заминаа, но утрово дојдоа нови навивачи.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Георгиевски: Да ја затегнеме одбраната, бидејќи против Србија не бевме добри

    21 јануари 2016, 15:31

    Физичкиот елемент е тој кој сите во хрватскиот табор го потенцираат како лимит во нашата репрезентација. Сепак самите ракометари веруваат дека имаат енергија за уште најмалку три цврсти и компетитивни натпревари и дека нема да се предадат и да паднат во недостаток на сила.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Хрватска на „скенер“: Зависност од Дувњак, голманите променливи, Вори фали во одбрана!

    21 јануари 2016, 14:34

    Хрватскиот новинар Вид Хорват, ексклузивно за Gol.mk, детално го анализира хрватскиот национален тим пред мечот со Македонија вечерва.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    „Фалангата“ се обновува: Замина еден, доаѓа нов „бран“ на навивачи

    21 јануари 2016, 10:52

    Голем дел од македонските навивачи по мечот со Србија се одлучија да се вратат дома и заради работните обврски и заради недостатокот на билети за мечевите од втората фаза. Организаторот ова Европско првенство го развлече на уште неколку дена во втората фаза, па така македонскиот „џеб“ не може да го издржи долгиот јануари во Полска.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    ЕХФ вторпат делегира Германци за меч на Македонија

    21 јануари 2016, 10:29

    Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг од Германија се делегирани да ја делат правдата на вечерашниот меч од првото коло во втората групна фаза меѓу Македонија и Хрватска.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Лазаров: Навикнавме на инфаркт-завршници

    21 јануари 2016, 8:50

    Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров има многу пријатели меѓу хрватските репрезентативци. Секојдневно се среќава и разменува мислења и шеги со нив. Но, вечерва во „Краков арена“ ќе биде на спротивната страна и ќе се обиде да им врати на Хрватите за мундијалскиот катарски пораз.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Гојун: Македонците се наши пријатели, но со борбена игра ќе ги победиме

    20 јануари 2016, 21:16

    Хрватскиот репрезентативец Јаков Гојун изјави дека и покрај добрата игра на неговата репрезентација во дуелот со Исланд, натпреварот со Македонија ќе биде нешто сосема друго. Македонија и Хрватска се стари познаници на теренот, па затоа хрватскиот ракометар повикува на претпазливост и сериозност во првиот дуел од главната фаза.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Уморот не постои, „црвено-жолтите“ полни со енергија пред Хрватска

    20 јануари 2016, 19:35

    15 минути порано од предвидениот термин, македонските ракометари пристигнаа во малата арена во Краков, за да го одржат денешниот тренинг, витален пред мечот со Хрватска. Сите наши момци се полни со ведрина, никој не говори за умор, притисок нема и задоволство е во таква клима да се подготвува натпревар. Мотив плус е и ланскиот пораз во Доха, а и најавите од Хрватска дека сме физички „празни“ и неподготвени. Доказот дека не е така сите го ветија утревечер во „Краков арена“.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Митков: Опасноста број еден доаѓа од Дувњак

    20 јануари 2016, 19:30

    Подобро во двете фази и во одбраната и во нападот и максимална концентрација, како би се намалиле техничките грешки, е планот на нашите репрезентативци за мечот со кој утре ќе ја отвориме втората фаза против Хрватска. Штипјанецот Влатко Митков ги посочи опасностите по нашиот гол, кои противникот ги има во изболиство. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Обрван: Би сакал да ротирам 16 играчи, но мечот ќе покаже

    20 јануари 2016, 19:13

    За разлика од Хрватите, кои доцнеа на својот попладневен тренинг, нашите ракометари својот го почнаа 15 минути порано. Најважната информација е дека сите избраници на Обрван се во стројот и ќе му се стават на располагање на селекторот. Здравствениот билтен е одличен и со тоа нема простор за рокади на одредени позиции. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Алиловиќ: Пак сите работи се вртат околу Киро, но Македонија е и сериозен тим!

    20 јануари 2016, 17:23

    Од настапот на голманите многу нешта ќе зависат на утрешното надигрување меѓу Македонија и Хрватска. Каква вечер ќе имаат Ристовски и Алиловиќ или нивните замени е од одлучувачко значење за двете селекции. Мирко Алиловиќ ја наполни со комплименти нашата селекција и покажа огромен респект кон Лазаров и соиграчите. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Лацковиќ: Македонија ќе „пукне“ на физички план!

    20 јануари 2016, 11:26

    Поранешниот хрватски репрезентативец и ракометар на Вардар, Блаженко Лацковиќ, во колумна за хрватските медиуми вели дека Македонија во синоќешната драма со Србија се потроши и емоционално и физички пред мечот со Хрватска.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    24 - 34
    ХрватскаХрватска

    Србија е архивирана, следат два тренинзи пред Хрватска

    20 јануари 2016, 8:44

    Нема време за одмор за нашите ракометари. Прославен е пласманот во следната фаза, одмор и насочување кон наредниот натпревар. Една година по поразот во Доха на Светското првенство, пак ќе играме против Хрватска, овој пат во меч со поголема вредност.

НАЈЧИТАНИ ДЕНЕС

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
  • RSS

© 2016-2025 Gol.mk
Сите права задржани

Содржините на Gol.mk се заштитени со Законот за авторското право и сродните права.
За секоја форма на распространување, репродукција или комерцијална употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е писмена согласност од Gol.mk.

Main menu

  • Фудбал
  • Ракомет
  • Кошарка
  • Тенис
  • Авто-мото
  • Останато
    • Одбојка
    • Футсал
    • Шах
    • Пинг-понг
    • Куглање
    • Бокс
    • Голф
    • Хокеј на мраз
    • Ватерполо
    • Рагби
  • Резултати