Најтешко е да се мотивираат спортистите за однапред добиени или резултатски неважни натпревари. Така и ракометарките на ЖРК Вардар играа толку опуштено, што далеку поскромниот тим на Хипо дури и поведе во Скопје. Но девојките на Кастратовиќ пред сите Пенезиќ и Лекиќ и одбраната на чело со Французинката Лејно ги вратија работите на свое место. Неисполнетата спортска сала „СЦ Јане Сандански“ како да гледаше тренинг до финални 37-25 за црвено-црните. Целта е остварена, сега на ред е главната групна фаза во јануари.