Jump to navigation

  • Фудбал
  • Ракомет
  • Кошарка
  • Тенис
  • Авто-мото
  • Останато
    • Одбојка
    • Футсал
    • Шах
    • Пинг-понг
    • Куглање
    • Бокс
    • Голф
    • Хокеј на мраз
    • Ватерполо
    • Рагби
  • Резултати
Резултати
МакедонијаМакедонија
ПолскаПолска
23
:
24
17 јан 2016, 20:30

You are here

Home

Македонија - Полска 2016-01-17 20:30:00

  • Во живо
  • Вести
  • Состави
  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Иван Марковски: Грешките на крајот од првиот дел скапо ги плативме подоцна

    18 јануари 2016, 13:28

    Во последниот натпревар од второто коло на Европското првенство во ракомет во Полска, македонската репрезентација и домаќинот Полска го одиграа еден од највозбудливите и најинтересен натпревари во досегашниот тек на турнирот. Го запишавме и вториот по ред пораз во групата и шансата за пласман во вториот круг ќе ја бараме против селекцијата на Србија која денес убедливо загуби од Франција (36 -26).

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Лазаров: Горд до небо на овие 16 браќа!

    18 јануари 2016, 1:18

    Откако спласнаа емоциите по поразот со многу пресврти од Полска (23-24), капитенот Кирил Лазаров изрази подршка до групата на репрезентативци и лидерски се насочи кон најголемиот предизвик на ова европско првенство, мечот со Србија во вторник. Неговиот статус на Фејсбук профилот изгледа и како порака и подршка за соиграчите. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Шмал: Македонија беше дисциплинирана, а ние смирени и трпеливи

    17 јануари 2016, 23:45

    Ветеранот Славомир Шмал, исто како и нашиот Борко Ристовски, мечот го заврши со 11 интервенции, но некои од нив беа во клучната фаза од мечот. Голманот на полскиот првак Киелце ја истакна трпеливоста на своите соиграчи, иако квалитетот, како и против Франција, не беше на високо ниво.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Миркуловски: Ладна пот ја облеа моќната полска нација!

    17 јануари 2016, 23:22

    Вториот најдобар стрелец во нашата репрезентација, Филип Миркуловски, автор на пет гола во мечот, со само една реченица го анализираше вечерашниот трилер во Краков. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Како понатаму? Против Србија ни одговара и реми и победа

    17 јануари 2016, 23:13

    Во вторник против Србија нашата селекција ја има последната шанса за пласман во втората групна фаза. Како што и планиравме, со нашиот северен сосед ќе одлучуваме кој ќе продолжи во следната фаза меѓу најдобрите 12, а кој ќе се врати дома.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Емоциите посилни од актерите во краковската драма

    17 јануари 2016, 23:09

    Силен емоционален натпревар и борба до последната секунда го красеа мечот Полска – Македонија. Од болките и тешките гримаси по повредите на Стоилов, Миркуловски, Никола Марковски, овациите на Борко Ристовски во првиот дел, па на Шмал во продолжението, до драмата на последниот напад и воздишките на полската армија навивачи, откако приказната заврши. Сите тие емоции беа дел од третиот меѓусебен дуел на Полска и Македонија, кој за жал го добија полските ракометари.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Симпатиите за Македонија, бодовите за жал кај противникот

    17 јануари 2016, 23:00

    И повторно милион драми, возбудување и за жал, одново пораз во трилер завршницата. Втор меч по ред Македонија ги заслужи симпатиите, но за жал и натаму е без бодови. Поразот од 23-24 против домаќинот Полска не е трагедија, но боли. Можеби Полјаците мечот го планираа како полесен залак, но Лазаров, Ристовски и соиграчите ги испотија полските звезди и малку фалеше да ги совладаат. Штета што наместо ние, Полјаците вечерва имаат двојно славје: победа број два на шампионатот и пласман во втората фаза.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Обрван: Одигравме јуначки, заслуживме најмалку бод

    17 јануари 2016, 22:36

    Селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван, сериозен како и секогаш, на средбата со новинарите по мечот ги сподели емоциите од драматичната вечер во Краков.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Биглер: Имавме проблеми со одбраната, но реагиравме и се радувавме

    17 јануари 2016, 22:35

    Темпераментниот германски стручњак Михаел Биглер со многу емоции ја водеше полската селекција во натпревар во кој играта на нерви беше заштитен знак.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Прибак: Последната акција беше вежбана на тренинг, но вечерва не помина

    17 јануари 2016, 22:27

    Толку беа разочарани нашите ракометари по мечот и поразот од Полска, што скоро сите заминаа веднаш во соблекувалната. Немања Прибак и во зборовите и во ликот покажа дека испуштена е голема шанса да се освојат првите бодови на шампионатот. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Неубедливата Полска нè совлада поради нашите наивни грешки

    17 јануари 2016, 22:12

    Инфаркт мечот, со кој се затвори второто коло од А групата на ЕП во ракомет во Краков, заврши со победа на Полска над Македонија со 24-23 (11-13) .

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Блесок на Борко во „Краков арената“!

    17 јануари 2016, 21:24

    Кога најмногу требаше, Борко Ристовски ја темпираше својата вистинска форма. Шест одбрани, која од која поспектакуларна, во првиот дел од мечот со Полска.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Стоилов доби болен удар во коленото, но може да продолжи

    17 јануари 2016, 21:12

    На почетокот делуваше загрижувачки, но испадна само „лажен аларм“. Стојанче Стоилов се пожали на болки во коленото по еден судир со Јурецки уште во раната фаза. Мораше да интервенира и лекарската служба и кратко време кружниот напаѓач помина на клупата. Но ракометарот на Вардар стегна заби и брзо се врати да им помогне на соиграчите во обидот да го комплетираат изненадувањето кое го најавија на почетокот.  

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Како гордо се пее химната во Краков!

    17 јануари 2016, 20:51

    Македонските навивачи делуваа обединето во моментот на интонирање на химната и од срце ја испеаа заедно со ракометарите. Моменти на тешки емоции во „вулканот“ од 15.000 луѓе во „Краков арената“, каде мечот меѓу Македонија и Полска само што започна.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    „Фалангата“ побројна од во петокот, срцето чука за Македонија!

    17 јануари 2016, 20:24

    Дојде викенд и бројот на Македонци во Краков е сè поголем. Главно наши луѓе од централна Европа и Скандинавија допатуваа во Полска да ги бодрат македонски ракометни асови. Последните билети, кои со посредство на интернет продажба за неколку часа беа купени минатата недела, завршија во македонски раце за нешто поголема подршка во полскиот „пекол“ вечерва.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    „Црвено-жолтите“ подготвени за полска битка во Краков

    17 јануари 2016, 20:19

    Орни и мотивирани лица може да се видат во полчасовното загревање на македонските ракометари во „Краков арената“. Како расте андреналинот, така концентрацијата се зголемува. Со Филип Лазаров место Жарко Пешевски нашиот одличен впечаток од петокот, треба да го преточиме во комплетно издание, до првите бодови на шампионатот.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Шаховската битка за Обрван или за Биглер?

    17 јануари 2016, 19:21

    Денес во фан зоната во центарот на Краков беше организиран шах натпревар помеѓу македонските и полските навивачи. Добар начин на дружење, за оние на кои не им е до разгледување на градот по студеното време. Древната игра може да биде асоцијација и за ракометниот дуел вечерва, во кој Ивица Обрван и Михаел Биглер ќе се надмудруваат како на шаховска табла. Чија стратегија ќе биде поуспешна. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Што ги очекува македонските ракометари вечерва!

    17 јануари 2016, 18:22

    Вечер во 20.30 часот, македонската репрезентација ќе си ги одмери силите со домаќинот на Европското првенство, репрезентацијата на Полска. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Студот ништо не им може на членовите на „Фалангата“ во Краков

    17 јануари 2016, 16:34

    Недела е и голема раздвиженост низ Краков. Најтуристичкиот полски град е исполнет со сè повеќе македонски навивачи. По кафулињата и рестораните во центарот на градот, во фан-зоната и низ кафеаните каде се задомаќинија, членовите на „Фалангата“ одлично ги минуваат деновите во Краков.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    На македонски пајтон низ Краков подобро се запознава градот!

    17 јануари 2016, 16:06

    И во претпладневните часови температурата во Краков е под нулата. Сепак, тоа не ги спречи многубројните туристи и навивачите на четирите земји кои играат во А групата на Европското првенство во ракомет да ги видат убавините на градот.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Јурецки е ракометарот кој му влева најмногу страв на Миркуловски

    17 јануари 2016, 16:02

    Македонските ракометари на вчерашниот тренинг одговорија на кратки трик прашања поставени од фановите на Европското првенство. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Кире Лазаров: Полските бекови ни одговараат за игра

    17 јануари 2016, 15:31

    Ако има противник кој му лежи на нашиот капитен, тоа е Полска. Без разлика што генерациите и системот на игра се менуваат, тактички гледано, квалитетите и интелигенцијата на Кире Лазаров секогаш биле проблем за полскиот национален тим. Асот на Барселона признава дека дефанзивната игра и конституцијата на полските бекови и нам ни лежи.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Стефановски: Биглер може да биде нашата шанса

    17 јануари 2016, 13:35

    Како тактички да ѝ се спротиставиме на Полска, кои се послабите страни на селекцијата на Михаел Биглер и каде треба да ја гледаме нашата шанса вечерва пред мечот со домаќинот на 12. европско првенство во ракомет. Тоа се прашања кои деновиве сите си ги поставуваме. Веројатно стручниот штаб добро го скаутирал противникот, а со тоа ги знае и добрите и лошите страни. Бившиот селектор Стевче Стефановски смета дека Македонија има шанси, а „ахилова пета“ на полскиот тим е селекторот Биглер.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Прибак: Домашниот терен е нивна предност, но нека биде како во Вараждин и Белград

    17 јануари 2016, 13:15

    Само малку ракометари во нашиот тим играа и беа директни протагонисти во победите над Полска во 2009 и 2012 година. Останатите се мотивираат гледајќи ги тие натпревари, исто како и навивачите. Немања Прибак ја потенцира предноста на домашниот терен, но и психолошкиот момент со нашата поволна традиција, кога играме со Полска.  

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Македонските јунаци ја расипуваат забавата во Краков!

    17 јануари 2016, 12:11

    Ново ладно утро во Краков. Температурата околу нулата, иако нов снег нема. Стотина македонски навивачи, откако синоќа го почувствуваа викенд ритамот на Краков, утрово веќе се подготвени за голем ракометен ден.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Обрван го пријави Филип Лазаров место Пешевски

    17 јануари 2016, 11:01

    Капитенот на Вардар, Филип Лазаров, ќе дебитира на ова европско првенство вечерва против Полска. Селекторот Ивица Обрван го пријави во составот за вечерашниот натпревар од 20.00 часот.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Македонија никогаш не загубила, а капитенот секогаш блескал против Полска

    17 јануари 2016, 10:02

    Во Вараждин во јануари 2009 година, Македонија за првпат се сретна и ја совлада Полска со 30-29. Капитенот Кире Лазаров постигна 13 гола, а таа победа, без разлика што не ни донесе пласман во полуфиналето, е окарактеризирана како една од нашите најголеми победи на сите времиња. На нашата клупа седеше Темелковски, а покрај Кире Лазаров уште и Мојсоски, Борко Ристовски и Филип Лазаров беа дел од оваа приредба. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Пешевски: Високата и корпулентна зона на Полска може да биде проблем за нас

    17 јануари 2016, 8:41

    Мечот со Полска вечерва е и најава за голема физичка средба, меч на цврсти одбани и атлетски врвни спортисти. Отсекогаш полските ракометари важеле за големи и снажни момци, а ниту денешните репрезентативци не се исклучок. Но, и ние имаме свои сили, па со Жарко Пешевски како ново име на линијата од шест метри, добиваме на сила и на ракометна техника. 

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Манасков: Полската одбрана „пукаше“ низ средината против Србија

    16 јануари 2016, 19:52

    Крилата на мечот против Франција функционираа фантастично и надеж во нив имаме и за утрешниот меч против Полска. Дејан Манасков е наш голем адут и на поставена противничка одбрана и при полуконтри и контри. Тој открива што донело скаутирањето на противникот од мечот со Србија синоќа. 

  • Тренинг на македонските ракометари пред мечот со Полска
    Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Кошарка и комбинаторика е рецептот за Полјаците

    16 јануари 2016, 19:41

    Опуштена атмосфера, малку кошарка за загревање, шеги и комбинации го красеа почетниот дел од денешниот тренинг на македонската репрезентација во малата „АВФ арена“ во Краков.

  • Европско Првенство
    МакедонијаМакедонија
    23 - 24
    ПолскаПолска

    Обрван: Ние нема да ја менуваме нашата одбрана, ќе ја играме нашата игра

    16 јануари 2016, 19:10

    По утринскиот тренинг во „Краков арената“ попладнево македонските ракометари имаа едночасовен тренинг во малата „АВФ арена“ во непосредна близина на салата каде се играат натпреварите. Нашите репрезентативци и селекторот говореа пред новинарите и делуваа многу самоуверено, сигурно и мотивирано. 

НАЈЧИТАНИ ДЕНЕС

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
  • RSS

© 2016-2026 Gol.mk
Сите права задржани

Содржините на Gol.mk се заштитени со Законот за авторското право и сродните права.
За секоја форма на распространување, репродукција или комерцијална употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е писмена согласност од Gol.mk.

Main menu

  • Фудбал
  • Ракомет
  • Кошарка
  • Тенис
  • Авто-мото
  • Останато
    • Одбојка
    • Футсал
    • Шах
    • Пинг-понг
    • Куглање
    • Бокс
    • Голф
    • Хокеј на мраз
    • Ватерполо
    • Рагби
  • Резултати