• Мартин Танасковски
Ракометниот клуб Вецлар останува без својот тренерски тандем. Главниот стратег Момир Илиќ поднесе оставка од функцијата, а со него си заминува и неговиот помошник Владан Јордовиќ, соопшти клубот.
Овој ненадеен развој на настаните доаѓа во чувствителен момент за германскиот бундеслигаш, кој веќе подолго време се соочува со резултатски предизвици. Илиќ, кој ја презеде екипата пред неполн годинa, реши да се повлече поради, како што истакнува, потребата за „нов импулс“ во тимот. Во својата официјална изјава, Илиќ нагласи дека заминувањето не било лесна одлука.
„Клубот и луѓето овде во Вецлар ми се врежаа во срцето за многу кратко време. Затоа искрено жалам што ситуацијата е ваква. Истовремено, ја преземам одговорноста во оваа тешка фаза. На екипата ѝ е потребен нов импулс.“, изјави Илиќ.
Од клубот упатија голема благодарност до тренерскиот тандем за нивната посветеност, труд и професионалност, посакувајќи им успех во понатамошните спортски и приватни предизвици. Вецлар во наредните денови ќе го објави привремениот тренерски штаб додека се работи на трајно решение за клупата.
Српското дуо дојде во Вецлар како замена за Филип Миркуловски и тренерот Карстенс.
