Нашата одбрана треба да го добие дуелот со Јапонија

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

За Јапонија велат дека е селекцијата која најдолго време е заедно пред Мундијалот во Германија и Данска. Но, колку од тој заеднички поминат период на Дагур Сигурдсон и неговите ракометари дава вистинска слика за официјалните натпревари?

Никој не одигра толку многу тестови, турнири и пријателски натпревари како Јапонците. Но, тоа е еден вид на натпревар, а денес почнува еден сосема нов натпревар. Јапонскиот проект е некаде на половина пат.

Во Минхен веројатно нема да го видиме најдоброто од оваа брза и полетна селекција. Планот е на Олимписките игри на кои ќе бидат домаќини, Јапонците да блеснат и да се приклучат кон елитата на светскиот ракомет.

Тоа поскромно искуство веројатно ќе им одземе нешто од очекуваниот максимум на „косооките“. Со сигурност нивната игра во напад е посилната страна од играта во одбрана. Дилема е дали можат високото ниво да го одржат цел натпревар и потоа пет натпревари во седум дена или не.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0