Нант застана зад ПСЖ, Лазаров со пет гола во победата над Истр

Лазаров

Победничката серија на Нант продолжи на домашното соочување со екипата на Истр (36-31) во деветтото коло од францускиот шампионат.

Домашните ракометари направија солидна разлика во првиот дел. Тие одиграа ефикасни триесет минути во кои обезбедија четири гола разлика во пресрет на продолжението. Следуваше изедначено второ полувреме, во кое гостите во ниту еден момент не се доближија за да го загрозат противникот.

Кирил Лазаров постигна пет погодоци, а најефикасен беше Валеро Ривера со седум гола. За гостите се истакна Андреа Парисини со седум реализации.

Нант стигна до четврти триумф во низа, со кој скокна на втората позиција на табелата. Неприкосновен на врвот е ПСЖ, кој има „девет од девет“ на стартот од тековната сезона.