Нант загуби дома од Шамбери, рутинска победа на Раул и ПСЖ

Ракометарите на Нант го претрпеа првиот сезонски пораз во француското првенство и го предадоа врвот на табелата. Европскиот вицешампион во директен дуел со екипата која исто така перфектно го започна шампионатот, загуби со 29-33.

Гостите водеа во текот на сите 60 минути и по серијата на два месеци само со позитивни резултати, го поразија тимот на Тјери Анти.  

Лазаров постигна три гола, а најефикасен кај Нант беше Валеро Ривера со шест гола. Во победничкиот табот Фархрудин Мелиќ со девет гола беше играчот кој во голема мера ја донесе победата за Шамбери.

ПСЖ на Раул Гонзалез пред своите гледачи го победи Аикс со 31-27 (17-14) и ако го победи заостанатиот натпревар, ќе му се приклучи на Шамбери со 15 бода на врвот.