Нант во полуфиналето на Купот, ПСЖ го декласира Монпелје

Екипата на Нант на прагот е да испише историска сезона. Имено, клубот кој го освои Лига Купот на Франција, се пласира и во полуфиналето на Купот на Франција, а во игра е и за трофејот на ЕХФ Лига Европа.

Нант и без Кирил Лазаров беше пресилен за Екс Прованс на поранешниот тренер Тјери Анти и славеше со 32-27. Со оваа победа тимот на Алберто Ентрериос се избори за место меѓу четирите најдобри и сонува финале во Париз.

Полуфиналисти се уште ПСЖ, кој го надигра Монпелје со 41-24, Шартр со победата над Шамбери со 26-25 и Тулуз, кој беше подобар од Сант Рафаел со 26-22.

Големото финале ќе се одигра на 11 јуни во Париз.