• Зоран Мишевски
Еден од најмалку активните клубови во Франција, вицешампионот Нант, конечно доведе две нови имиња на почетокот на овоиј месец. По потписот на Турченко, третопласираната екипа од последното издание на Лигата на шампионите договори нов голман.
Данскиот голман Кристофер Бонде следното лето без обештетување доаѓа во Франција со долгорочен договор до 2029 година.
Бонде ќе ја започне последната сезона во Скјерн, каде две сезони по ред е избран за најдобар голман во Данска. За 26-годишникот ова ќе биде прва меѓународна активности и шанса да брани во Лигата на шампионите.
Нант е дел од групата А на Лигата на шампионите, група во која не се наоѓа нашиот шампион Еурофарм Пелистер.


