Нант потклекна во финишот во Ним, Лазаров стрелец на пет гола

Во драматичен дуел со кој беше затворено осмото коло на францускиот шампионат, Нант загуби на гостувањето во Ним со 26-25 (12-15). Ова е втор последователен пораз за Нант, кој пред ЕХФ неделата неочекувано беше поразен од Тулуз на домашен терен. Со три порази после осум одиграни кола, Нант значително падна на табелата и заостанува два бода помалку од второпласираниот Монпеље.

Натпреварот започна израмнето, а Нант диктираше темпо во првиот дел. Моментот на одлука стигна во 58. минута кога Николас Нието го постигна голот за победа на домаќините од 26-25. Иако имаа уште две шанси, ракометарите на Нант не успеаја да израмнат и натпреварот заврши со домашна радост. 

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна пет гола, најдобар стрелец кај поразениот тим беше Мине Ајмерик со шест гола, а Валеро Ривера постигна четири погодоци. Гигу и Пранди со по шест гола беа најистакнати поединци во тимот на Ним.

ПСЖ е лидер со 14 бода и в сабота треба да го одигра натпреварот против Аикс на домашен терен. Нант и Ним со по десет бода се соседи на табелата на петтото и шестото место.