Нант одигра комплетен натпревар и го декласира Ним

Ракометарите на Нант запишаа нова значајна гостинска победа во францускиот шампионат, откако во рамките на 12. коло, славеа на теренот на Ним со 25-30 (16-16). Во очекување на резултатот од дербито меѓу ПСЖ и Шамбери, Нант се искачи на врвот на табелата. 

Цел прв дел беше израмнет, двете екипи се менуваа во водството, а резултатот дури шест пати беше во егал. Eвропскиот вицешампион многу подобро го започна вториот дел, се разигра Клерк, погодуваше и Фалувеги и на половина од вториот дел Нант веќе имаше +7. Ним целосно се предаде и Нант лесно го приведе натпреварот кон крај за победа од 25-30.

Најефикасни поединци во таборот на Нант беа Балагер и Ривера со по шест и Пешмалбек и Ривера со пет гола. Нашиот Кирил Лазаров запиша еден погодок.