Нант на шпански погон си ја заврши домашната задача со Киелце

Француски Нант си ја заврши домашната задача и славеше над Киелце (23-20) во рамки на втората рунда од Лигата на шампионите, резултат кој воедно е и прв триумф за екипата оваа сезона во елитата.

По стартниот пораз од Алборг, Нант се издигна и дојде до важна победа. Интересна е ситуацијата сега во Групата Б, посебно по победата на Загреб над Алборг, затоа што шест екипи се бодовно израмнети.

Околу мечот, Нант презеде иницијатива во првиот дел и замина на плус пет (10-5), но во вториот дел Киелце на Душебаев се врати (14-14). Сепак, следеше нов пад, па домашните со серија од 6-1 ја вратија високата разлика и ниту еднаш не му дадоа на ривалот да се доближи.

Голманот Биоска Гарсија кај Нант фати 14 топки, а кај стрелците Ривера имаше 8/8. Кај Киелце, Карачиќ даде 5/5, а Сургиел имаше четири гола.