Нант и Лазаров редат победи, совладан Адемар Леон на турнир во Португалија

Екипата на Нант продолжува со перфектните подготовки за новата натпреварувачка сезона, откако синоќа на петтиот тест-натпревар ја запиша петата победа.

Францускиот тим предводен од новиот стратег Алберто Ентрериос на турнирот во Португалија славеше над шпанскиот клуб Адемар Леон со 32-27 (19-18). Во текот на сите 60 минути Нант играше авторитетно и покажаа дека добро се прилагодуваат на новиот тренер.

Со седум постигнати гола најефикасен поединец во тимот на Нант беше Турна, Ниокас придодаде уште пет, а четири гола запиша и нашиот капитен Кирил Лазаров. Сите новајлии добија шанса и стручниот штаб се стекна со можност да ги провери механизмите на новиот Нант.

Денес во 15:30 часот екипата на нашиот Лазаров се среќава со португалскиот Порто.