Нант и Лазаров им се вратија на победите во Франција, рутински совладан Трембле

Лазаров

Екипата на Нант по двата порази во низа им се врати на победите во домашниот шампионат, откако денес на свој терен со сигурни 32-25 славеше над „фенерџијата“ Трембле.

Нашиот капитен Кирил Лазаров од првата минута се најде во нападот на Нант, а со оглед на тоа што во поголемиот дел од полувремето имаше директен чувар неговиот скор во првиот дел беше скромен – еден гол од два обида. Но, неговите соиграчи одлично ја користеа празнината поради „фластерот“, па од почетокот на натпреварот го водството во своите раце.

На пауза се замина со минимална предност на Нант од 16-15, додека стартот на вториот дел донесе тврд и израмнет ракомет. Но, гостите како да имаа гориво за 45 минути, затоа што потоа влегоа во криза, која искусните ракометари на домаќинот го искористија тоа и запишаа значајна победа од 32-25.

  • Комплетниот натпревар меѓу Нант и Трембле:

На крај Лазаров дуелот го заврши со три постигнати гола, додека кај Нант најпрецизен беше Миње со шест гола.