Нант и без Лазаров доминантно се прошета во „Златорог Арена“

Вицешампионот на Франција, екипата на Нант им се врати на победите и во Лигата на шампионите, иако во Словенија против некогашниот европски првак Целје Пивоварна Лашко настапи без нашиот Кирил Лазаров. Во дуелот од осмото коло од групата Б на Лигата на шампионите, Нант славеше со 25-31 (11-13) и се доближи до потврда на место во нокаут фазата.

Од првата минута во „Златорог Арената“ доминираа гостите, иако дуелот започна енергично и израмнето. Нант имаше водство од два до три гола, а на одмор замина со 11-13. Почетокот на второто полувреме донесе клучно одлепување на Нант, кој со серија 1-7 се одлепи до финална победа.

Хорзен и Кодрин постигнаа по шест погодоци за Целје Пивоварна Лашко, а кај Нант се истакнаа Милан Милиќ со шест и Ривера и Овничек со по пет погодоци. Ова е трета победа во шест натпревари за екипата на Нант која и сезонава високи цели во Лигата на шампионите.