• Иван Димовски
Ракометарите на Нант славеа на гостувањето кај Спортинг во Лисабон со 28-39 во рамките на четвртото коло на Лигата на шампионите. Францусиот тим уште во првото полувреме практично го реши прашањето за победникот. Нант водеше со 11-23 и го најави триумфот, па иако Спортинг парираше во продолжението претрпе висок пораз.
Најдобар поединец во таборот на Нант беше Ајуб Абди со 11 погодоци, додека кај Спортинг се истакна Мартим Кошта со 10.
Сигурен триумф забележа и Алборг кај Колштад од 26-35. Данскиот колектив ја оправда фаворитската улога и рутински ја заврши задачата во Норвешка. Алборг беше подобар во двете полувремиња и лесно впиша трета победа.
Томас Сомер Арнолдсен го водеше данскиот тим до победата со осум гола, а кај домашните се истакнаа Алберг и Лисе со по пет.







