• Зоран Мишевски
Ракометарите на Нант се пласираа во уште едно Куп-финале и ќе се борат за вториот трофеј по освојувањето на Лига Купот на Франција. Имено, екипата на Алберто Ентрериос извојува победа на гостувањето во Шартр со 30-33 (15-18) и го чека својот противникот во финалето во Париз, во втората недела од месец јуни. Ова е идеална шанса нашиот Кирил Лазаров да ја заврши кариерата со уште еден трофеј.
Натпреварот беше целосно доминиран од страна на ракометарите на Нант, кои имаат многу расположени ракометари во својот ростер. Предноста од 3-4 гола царуваше низ првиот дел, а Шартр неколку пати се закани во продолжението. Сепак, искусната екипа на Нант не дозволи драма и се избори за уште еден натпревар за трофеј.
Најефикасни поединци во победничкиот тим беа Валеро Ривера со седум и Ајмерик Лапорт со пет гола, а одличен беше и голманот Робин со 14 интервенции. Кирил Лазаров не настапи заради повреда, здобиена во дресот на македонската репрезентација. Кај Шартр најефикасни беа Трибилон со шест и Виум со пет гола.
Противник на Нант во финалето ќе биде поуспешниот од дуелот ПСЖ - Тулуз, дуел кој се игра в сабота од 19:00 часот.