Нант добива нов тренер во името на доскорешниот спортски директор и асистент

Француски Нант објави дека е постигнат договор со Грегори Кожан кој ќе го води тимот од 2022 година.

Кожан беше дел од Нант во изминатиот период каде имаше двојна функција. Тој беше асистент на Алберто Ентрериос, а исто така работеше и како спортски директор. За него ова ќе биде прв тренерски ангажман како прв стратег.

Договорот меѓу Кожан и Нант е потпишан од 2022, па во следните две сезони. Овој ракометен работник е дел од клубот од далечната 2005 година.