Нант без Лазаров одигра неверојатна партија и со 20 разлика го доби Сесон Рен

Ракометарите на Нант без Кирил Лазаров одиграа неверојатна партија во домашниот шампионат и го победија Сесон Рен со 41-21. Македонскиот капитен е позитивен на ковид-19 и сè уште не е на располагање за настап, но неговите соиграчи одлично го компензираа неговото отсуство. Гостите успеаа да парираат во првиот дел (15-12), но во продолжението немаа одговор на партијата која ја пружија „виолетовите“.

Нант шутираше со прецизност од 73% и погоди 41 од 56. удари кон противничкиот гол. Освен што гостите немаа решение за расположените ракометари на Нант во нападот, меѓу стативите блесна младиот Емил Нилсен. Тој запиша 17 интервенции и бранеше 50% од ударите кон неговиот гол. 

Валеро Ривера беше најдобар играч во редовите на Нант со десет реализации од вкупно 11 удари, додека Рок Овничек имаше шест. Кај Сесон Рен, четири даде Салу, а еден помалку Барел. 

Нант котира одлично на табелата и се наоѓа на четвртото место зад ПСЖ, Лимож и Монпеље, додека Сесон Рен е на 12 место.