• Александар Ковачев

Ракометарите на Нант, без нашиот Кирил Лазаров, во рамките на 11. коло од Лигата на шампионите, на гостински терен го совладаа Кристианштад со 25-31 (12-13).
Натпреварот на стартот беше израмнет, а така беше се до резултат 8-8, кога Французите со серија од 4-1 и голови на Белегер, се одлепија на највисоки +3 (9-12). До одморот домаќините ги консолидираја своите редови и на полувреме заминаа со негатива од -1 (12-13).
Во продолжение ракометарите на Нант одлично отворија и со серија голови на шпанските ракометари Белегер и Гурбиндо се одлепија на +5 (16-21), што до крајот рутински го претворија во победа од 26-31.
За ракометарите на Нант денешната победа е нивна седма по ред во Лигата на шампионите и на табелата се сместија на бод од нашиот Вардар, кој гостува кај Барселона.