„Налутените“ Данци не грешат двапати и со 11 разлика ѝ се реваншираа на Црна Гора

Ракометната репрезентација на Црна Гора пред три дена извојува историска победа над светскиот и олимпискиот шампион Данска, но вечерва ја почувствува вистинската моќ на скандинавскиот ракометен гигант (37-26). 

Ако во „Морача“ „лавовите“ играа рамо до рамо со големиот фаворит, на „раваншот“ во Данска имаа споредна улога и беа рамноправни само во првите пет минути. По израмнетиот старт (2-2), Данците влегоа во офанзива и од минута во минута го зголемуваа своето водство. 

На полувреме се замина со 14-11, но во вториот дел „налутените“ избраници на Јакобсен го покажаа најдоброто од себе и заслужено им се реваншираа на Црна Гора за болниот пораз во нивниот прв меѓусебен дуел. Мечот заврши со конечен резултат од 37-26. 

  • Потег на натпреварот: 

Сван и Закариасен со по осум гола и голманот Ландин со 19 одбрани беа најдобри поединци во победничкиот табор, а Липовина постигна шест и Вујовиќ пет гола во црногорскиот табор.

По четири одиграни кола во групата 8, Данска е лидер со шест бода, исто колку и Украина, додека Црна Гора е третапласирана со три бода.