• Горан Упале
И по скоро еден месец од натпреварот на Македонија со Португалија на Европското ракометно првенство, сеќавањата се свежи од одиграната партија на капитенот Филип Кузмановски.
Со својата прецизност, лидерство и смиреност во клучните моменти, капитенот постојано ја држеше Македонија во игра, носејќи ја репрезентацијата на свој грб во најтешките периоди од натпреварот. А на крај тој беше најзаслужен за херојското реми против една од најдобрите светски селекции. Токму таа партија на македонскиот бек одново се најде во бележникот на Европската ракометна федерација, која во последниот период ги одбележува нај-моментите на континенталниот собир. Денеска, дојде редот за Филип Кузмановски и неговата животна партија против Португалија.
„Најдобар натпревар на Европско првенство на сите времиња? 15 гола од 18 обиди, наклон до под , Филип Кузмановски“
Да потсетиме, Кузмановски на тој натпревар во Хернинг постигна 15 погодоци и испиша нова страница во репрезентативна историја, израмнувајќи го рекордот на легендарниот Кирил Лазаров по бројот на постигнати голови за Македонија на еден натпревар. Настапот на Кузмановски против Португалија уште долго ќе се прераскажува меѓу македонските навивачи и љубителите на ракометот, како симбол на борбеност, лидерство и безрезервна посветеност кон репрезентативниот дрес.





