• Мартин Танасковски
Најтрофејната ракометарка на сите времиња Катрин Лунде планираше кариерата да ја заврши во родниот Кристијанштад, но по банкротот на Вајперс, тимот со кој трипати по ред ја освојуваше европската шампионска титула од 2021 до 2023 година, стана слободна да избере нова средина. Одличната Норвежанка реши да се пресели во данскиот клуб Одензе.
Лунде следниот месец полни 45 години, но, сепак, важи една од најдобрите голманки во светот. Нејзиниот нов клуб игра во Лигата на шампионите, се наоѓа на третото место во групата Б и останува во игра за завршниот турнир на евроелитата на крајот на мај во Будимпешта.
Лунде е седумкратен европски шампион. Играше и за Алборг, Виборг, Ростов Дон и Ѓер. Таа пред осум години се врати во татковината, беше предводник на големиот проект Вајперс Кристијанштад. но на почетокот на годината, по финансискиот колапс на клубот од земјата на олимпискиот шампион, Лунде остана без тим.