ВИДЕО: Најтешко интонираната химна во македонската спортска историја!

Веројатно ниту еден од делегацијата на ракометната репрезентација на Македонија, но и сите наши навивачи во салата, никогаш во животот со потешко срце не ја испеале националната химна. На денот на огромната трагедија во која животот го загубија преку 59 главно млади лица, ЕХФ го одби барањето на РФМ за откажување на натпреварот од евро-квалификациите со Словенија.

Во салата „Бонифика“ атмосферата беше во најмала рака чудна, тежината се гледаше во очите на нашите ракометари, а дел од Македонците беа и со насолзени очи како на теренот, така и на трибините. 

  • Интонирањето на македонската химна во Копер:

    Овој натпревар е реванш, откако пред четири дена Словенците славеа во Скопје. Македонија не сакаше да ја игра средбата, ама ако не се појавеше на теренот откако ЕХФ одби одложување ќе беше исфрлена од квалификациите и казнета.