Најстариот вардарец си заминува: Карачиќ три години во Киелце!

Вардарецот Игор Карачиќ од следната сезона ќе игра надвор од Македонија и ќе биде дел од тимот на Киелце.

Хрватот со полскиот тим потпиша договор со тригодишна соработка, а тренерот Талант Душебаев успеa да го спои ударното трио на „црвено-црните“, кое стигна до трофејот во Лигата на шампионите. Претходно од Вардар во Киелце заминаа Лука Циндриќ и Алекс Душебаев, но прашање е дали повторно ќе играат заедно, бидејќи за Циндриќ сериозно е заинтересиран тимот на ПСЖ.

Воедно Игор Карачиќ беше ракометарот со најдолг стаж во тимот на Вардар, а сега во иднина тоа ќе биде репрезентативниот кружен напаѓач, Столе Стоилов. 30-годишниот Карачиќ во тимот на Вардар пристигна во 2012 година и цели седум сезони беше дел од тимот на „црвено-црните“, а круна на неговата кариера беше титулата во Лигата на шампионите.

  • Карачиќ со Индира Кастратовиќ го прославува најголемиот успех во својата кариера – трофејот од Лигата на шампионите освоен со Вардар пред три сезони

  • Пред скоро една година за Gol.mk изјави дека и покрај многуте заминувања Вардар ќе биде моќен, што беше во право, но каков ќе биде тимот без него - ќе дознаеме следната сезона.