• Зоран Мишевски
Според пишувањата на шведските весници, помладиот син на Талант Душебаев, Даниел кој е член на Барселона од следната сезона ќе настапува на позајмица за шведскиот Кристијанштад.
18-годишниот Даниел Душебаев е затворен во силната конкуренција во Барселона и иако имаше можност во АСОБАЛ лигата да одигра неколку натпревари, му недостига континуитет и затоа ќе побара нова средина каде ќе може да игра поважна улога.
И неговиот повозрасен брат Алекс можно е да ја смени средината, бидејќи полските весници пишуваа за интересот на Киелце за неговите услуги.