Најлош пенал во кариерата: Дибиров со очаен лоб обид против Елверум (ВИДЕО)

Тимур Дибиров ретко греши кога шутира пенали, па затоа зачудува оваа негова реакција на гостувањето кај Елверум.

На самиот почеток, Русинот доби шанса од седум метри и испрати очаен лоб. Домашниот голман рутински ја собра топката и спречи прв погодок во неговата мрежа.

  • Лошо изведениот седмерец на Дибиров против Елверум: 

Вардар ја отвора сезоната во Лигата на шампионите со мечот во Норвешка, каде по првиот дел има егал резултат (13-13).