Најголемо промашување во историјата: Играч на Киелце промаши контра на ПРАЗЕН ГОЛ! (ВИДЕО)

Киелце

Натпреварот меѓу Киелце и Калиш во рамки од полското првенство донесе едно од најкатастрофалните промашувања некогаш видени на ракометните терени.

Белорусинот Уладзислау Кулеш се посрамоти за сите пари. Тргна во контра напад и требаше само да ја погоди празната мрежа, но успеа да промаши и да добие заслужен сеир на социјалните мрежи.

Киелце запиша очекувана победа на домашен терен и остана перфектен во шампионатот на Полска.