Најголемиот шведски талент кој беше мета на Вардар замина во Елверум

Ракометните клубови ги формираат ростерите за следната година, а еден од играчите кои преку медиумите се поврзуваше во Вардар, заврши во Норвешка, каде ќе го носи дресот на Елверум.

Се работи за најголемиот шведски ракометен талент, Ерик Јохансон. 20-годишниот лев бек кој пред извесен период се поврзуваше со најтрофејниот македонски клуб, ама тогаш не доби дозвола да замине, потпиша договор со норвешкиот шампион.

Јохансон со голем успех настапуваше за шведскиот тим Гуиф и беше еден од најдобрите ракометари во екипата, а со Елверум потпиша двегодишен договор.

Елверум гради солиден тим и се подготвува за новиот настап во Лигата на шампионите.