ВИДЕО: Најголемиот се одјави со стил – Лазаров режира цепелин за експлозија во Нант!

Македонската ракометна легенда Кирил Лазаров го игра последниот натпревар пред домашната публика во Нант. На дуелот со Тулуз трибините се исполнети до последно место, за достојно да се испрати македонскиот ас во заслужена пензија. 

А тој, им возврати на најдобар можен начин. Во вториот дел од натпреварот Лазаров беше еден од актерите на неверојатна акција на својот тим, која токму тој ја претвори во гол од цепелин, за одушевуање на трибините.

  • Атрактивниот погодок на Лазаров:

Македонскиот ас својот последен натпревар во кариерата ќе го одигра на 11 овој месец, во финалето од Купот на Франција против ПСЖ.