• Мартин Танасковски
Mакедонската репрезентативка на позицијата десен бек, Ива Младеновска, ќе продолжи да го носи дресот на француски Безансон и следната сезона, откако потпиша договор со клубот до 2026 година.
Младеновска, која има 18 години и е висока 180 сантиметри, важи за еден од најголемите таленти на својата позиција во Европа. Таа веќе од 14-годишна возраст настапува за македонската репрезентација.
„Навистина уживав во мојата прва полусезона тука и затоа сум многу среќна што ќе продолжам уште една година. Безансон е клуб со амбиција и ова е одлична можност за мене да продолжам со напорна работа, да стекнам ново искуство и да учам. Возбудена сум и се надевам дека следната сезона ќе донесе уште поголеми успеси и резултати.“, изјави Младеновска.
Македонката го започна своето прво интернационално искуство во јули 2023 година со трансфер од Металург во Брест Бретан, каде потпиша четиригодишен договор. Сепак, поради ограничената минутажа во тимот, двете страни се договорија да го раскинат договорот, со цел Младеновска целосно да се посвети на проектот на амбициозниот клуб од Безансон.
ФОТО: Безансон / https://www.esbf.fr/
