Најголемата полска компанија за пиво е нов главен спонзор на Киелце

Полски Киелце остана без двата главни спонзори, но домашните компании не оставија ништо на случајноста, па почнаа со помош на ракометниот бренд од земјата.

Првакот на Полска има нов главен спонзор. Се работи за најголемата компанија за пиво во земјата, „Ломза“. Таа финансиски ќе му помага на Киелце во наредните четири години, затоа што договорот е потпишан до крајот на сезоната 2023/24.

Многумина предвидуваа распад на Киелце, но со влезот на „Ломза“ во клубот, јасно се дава до знаење дека полскиот тим ќе продолжи да постои и понатаму. Се претпоставува дека финансиската конструкција повторно ќе биде силна, па Душебаев ќе има на располагање квалитетен ростер за ЛШ.

„Ломза“ е првата, но се вели дека нема да биде последната компанија која ќе му помогне на полскиот тим.