• Мартин Танасковски

По комплетирањето на финалните натпревари, познати се четирите екипи во женскиот македонски ракомет кои ќе играат за титулата од Купот на Македонија.
Очекувано, фаворитите ги оправдаа улогите во своите групи и обезбедија место во полуфиналињата каде на Ф4-турнирот ќе се игра за титулата.
Пласман на завршницата во женска конкуренција обезбедија екипите на ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Вардар, ЖРК Металург и ЖРК Куманово.
Лански освојувач на Купот на Македонија е екипата на ЖРК Металург.