Најдобрите суперлигаши носители пред ждрепката за четвртфиналните групи во Купот

По одигрувањето на натпреварите од првото елиминационо коло, познати се шеснаесетте екипи коии во 2024 година ќе разигруваат за трофејот. Следната фаза се четвртфинални групи, во кои ќе се игра полуфинале и финале и победниците на тие групи ќе играат за завршен турнир.

Четирите најдобри екипи по првиот дел на Суперлигата ќе бодат носители во ждрешката. 

Шешир 1:
Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар, Тиквеш

Шешир 2:
Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје, Охрид, Пролет

Шешир 3:
Голден Арт, Струга, Прилеп, Куманово

Шешир 4:
Скопје, Вардар Неготино, Радовиш, Мулти Есенс

Натпреварите од Купот на Македонија продолжуваат во март 2024 година, а завршниот турнир е на крајот на месец мај. Титулата од минатата сезона ја брани Вардар 1961.