• Горан Упале

Покрај нашата најдобра ракометна селекција, која што е редовен учесник на континенталните собири, на Европското првенство во Германија следната година, Македонија ќе има свои претставници и кај судиите.
Европската куќа на ракометот ги објави судиите кои што ќе бидат дел од претстојниот шампионат во јануари следната година. Очекувано, на списокот на арбитри се најдоа и нашите најдобри судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои подолго време се при самиот врв кога во прашање е квалитетното судење.
Европскиот шампионат ќе се одржи од 10 до 28 јануари во Германија, а Македонија ќе биде во групата А заедно со домаќинот, Франција и Швајцарија.