• Мартин Танасковски
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов важат за најдобрите македонски, ако не и европски судии. Дуото со големо реноме секоја седмица има обврски на големата сцена, ги мина сите големи натпреварувања, а сега доаѓа уште еден значаен момент за нивните кариери.
Судиската двојка од Македонија по специјална покана ќе дели правда на најголемото ракометно дерби во Полска. Се работи за натпреварот меѓу тимот на Киелце и ривалот за тронот Висла Плок.
Натпреварот меѓу двете најголеми полски екипи се игра в недела. Двете се на скор со 12 победи на 12 меча и овој дуел ќе биде од огромна важност, па затоа довербата им е дадена на Начевски и Николов.
Македонските судии во една седмица седмица имаат „маратон“ од три натпревари. Судеа во Лигата на шампионите, потоа беа дел од натпревар во домашната Суперлига, па патуваат за Полска, а потоа скоро сигурно ќе ја добијат и улогата на четврти меч - тоа е најголемото македонско дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.