• Мартин Танасковски
Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нова задача на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз и ќе судат во полуфиналето.
Двојката ќе биде на теренот на мечот меѓу Германија и Шпанија. Големото европско дерби ќе се игра на стадионот „Пјер Морој“ во Лил. За Начевски и Николов овој натпревар ќе биде петти на олимпискиот турнир.
Николов и Начевски претходно судеа на натпреварите Данска - Норвешка, Хрватска - Словенија, Унгарија - Египет и Шпанија - Германија.