• Саше Љолес

Екипата на ЖРК Ѓорче Петров „профитираше“ од исфрлувањето на ЖРК Гевгелија од сите домашни натпреварувања и со службени 10-0 го добива финалниот натпревар од групната фаза во Купот на Македонија.
Дисциплинската комисија на Ракометната федерација се одлучи на најригорозната казна за ЖРК Гевгелија, што автоматски значи дека ѓорчепетровки без борба се пласираат на завршниот турнир од најмасовното натпреварување во земјата.
ЖРК Ѓорче Петров воедно ќе има убава можност да се избори за одбрана на трофејот од Купот на Македонија кој го освои минатата година. На завршниот турнир учество обезбедија уште екипите на Металург Автокоманда, ЖРК Чаир и ЖРК Вардар.