• Мартин Танасковски

Сагата околу Сандер Сагосен и неговата иднина како што изгледа наскоро ќе го доживее својот крај. Реномираната ракометна интернет-страница „Хендбол Планет“ пишува дека тој се согласил да се врати во матичниот клуб. На големо се најавува дека во Норвешка се создава ракометен „дрим-тим“. Екипата на Колштад се подготвува за големи вложувања и е спремна да носи големи ракометни имиња. Едно од нив е 26-годишниот Сагосен, кој во моментов е член на бундеслигашот Кил.
Сагосен има договор со Кил до 2023 година, а „Хендбол Планет“ пишува дека тој не планира да го продолжи и негова следна дестинација ќе биде Колштад. Во текстот се наведува дека договорот меѓу двете страни е постигнат, но недостасуваат деталите.
Норвежанецот во редовите на Кил пристигна во 2020 година од ПСЖ, а претходно играше за Алборг, Хаслум и сега актуелниот Колштад кој е негов матичен клуб.