Најдобриот светски играч останува во Берлин до 2029 година

Данскиот ракометар Матиас Гидсел не менува средина во Бундеслигата и ќе остане дел од Фуксе Берлин на подолг рок.

По одличниот настап на Светското првенство, Гидсел се најде на мета на повеќе клубови. Фуксе Берлин не сакаше да ризикува и му даде долгорочен договор до 2029 година.

Еден од најдобрите клубови во Европа го донесе Гидсел во своите редови во 2022 година и така тој се наметна како лидер и напредна како ракометар.