• Мартин Танасковски
Црногорската ракометарка Јованка Радичевиќ го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите како членка на Крим Меркатор од Словенија, со кого застана во првата нокаут-фаза.
Радичевиќ и Крим го победија Лудвигсбург (26-23), но недоволно за следна рунда. Крилото се збогува од Лигата на шампионите со 21 одиграна сезона во елитата, а исто така е и најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување
Јованка Радичевиќ е активна ракометарка 26 години, а остави голема трага во Македонија како членка на шампионскиот тим на ЖРК Вардар.