• Зоран Мишевски

Томислав Северец, еден од најдобрите ракометари на „громовите“ од Нашице, од следната натпреварувачка сезона ќе се испроба во најсилното национално првенство во светот.
Бекот на Нексе се сели во Германија каде ќе ги брани боите на поранешниот европски првак, Хамбург. Во клубот од северна Германија го потврдија неговото доаѓање, со потпис до 2025 година. 25-годишникот блеска во Европската лига и го сврте вниманието врз себе. Тој е еден од најзаслужните за одличните резултати на Нексе Нашице на меѓународна сцена, а тоа не остана незабележено од европскиот шампион од 2013 година.
За наредната сезона Нексе веќе доведе едно засилување, словенечкиот ветеран Безјак од Магдебург.