Најдобриот голман во светот останува во Кил до 2025 година

Германскиот бундеслигаш Кил соопшти големи вести. Потврден е договор за нова соработка со најдобриот голман во светот, Никлас Ландин.

Ландин, кој стана светски првак со Данска и европски првак со Кил, останува во „зебрите“ и понатаму. Двете страни се договорија за договор во времетраење до 2025 година, што значи дека Данецот ќе остане во тимот скоро до крајот на својата кариера.

32-годишниот Ландин во редовите на Кил пристигна во 2015 година и оттогаш е незаменлив. Покрај за гигантот од Бундес, тој играше и за Рајн Некар Левен, Силкеборг и ГОГ Гудме.