Најдобрата светска ракометарка и ЦСМ Букурешт официјално ја продолжија соработката  

Првата ѕвезда на ЦСМ Букурешт, Кристина Неагу, и официјално го продолжи договорот со романскиот ракометен гигант. 

Иако подолго време се шпекулираше дека е на излезни врати од тимот и својата кариера ќе ја продолжи во друг европски гигант, раководството на ЦСМ Букурешт и искусната ракометарка денес ставија потпис на нова соработка, која е има важност уште една сезона. 

Неагу пред извесен период по четврти пат во својата кариера беше избрана за најдобар светски играч, иако оваа пролет не можеше да ѝ помогне на својата екипа, заради тешката повреда на Европско првенство. 

Пред да дојде во Романија, таа го носеше дресот на Будуќност од Подгорица.