• Сашо Поповски
Екипата на Ростов-Дон обезбеди одлично засилување на пивотменската позиција. Се работи за шведската репрезентатива Ана Лагерквист, која доаѓа од данското првенство.
Минатата сезона 26-годишната ракометарка беше избрана за најдобра во својата држава. Тоа и донесе интерес од една од најдобрите европски екипи, која секоја година е дел од фаворитите за Лигата на шампионите.
Sweden national team's pivot Anna Lagerquist will perform for the "Rostov-Don" in the new season!
Date of birth: 16.10.1993
Height: 173 cmAchievements:
Golden medalist of Junior (U-20) World Championship: 2012
Denmark Cup Winner: 2018
Best Swedish player: 2019 pic.twitter.com/Y5FbrILl8l— Rostov-Don H.C. (@rostovhandballe) June 17, 2020
Лагерквист е висока 173 сантиметри и важи за една од најдобрите на својата позиција. Се очекува Швеѓанката да придонесе во продолжување на доминацијата во руското првенство и конечно искачување на врвот на европскиот ракомет.
Кариерата ја започна во екипата на Луги во родниот Лунд, а продолжи во Данска, каде ги бранеше боите на Никобинг.